• понеделник, 23 септември 2024

Со церемонија во Софија беше одбележана 116-годишнината од прогласувањето на независноста на Бугарија

Со церемонија во Софија беше одбележана 116-годишнината од прогласувањето на независноста на Бугарија

Софија, 22 септември 2024 (МИА/БТА) - Со свеченост пред споменикот „Независност на Бугарија“ на плоштадот „Књаз Александар Први“ во Софија беше прославена 116-годишнината од прогласувањето на независноста на Бугарија.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

-Ова е еден од најсветлите бугарски празници што треба да го славиме, изјави за медиумите претседателот на општинскиот совет во Софија, Цветомир Петров. Заедно со обединувањето, денешниот празник е еден од најважните, посочи тој и ги повика прво да ги бранат бугарските интереси.

Денот на независноста има чудна судбина - се славел до 1944 година, забранет и обновен во 1998 година, истакна во својот говор проф. Веселин Јанчев, предавач на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. „Намерните напори на тогашниот бугарски народ и политиката на бугарските кнезови се факторите што ја прогласија независноста. Не случајно независноста беше прогласена во црквата „Свети четириесет маченици“ во Велико Трново. додаде тој. „Бугарија станува полноправна членка на меѓународната заедница. Овој чин е едно од најголемите достигнувања во нашата понова историја, на што треба да се гордееме“, посочи историчарот.

На програмата учествуваа Софискиот дувачки оркестар, хорот „Света Софија“ предводен од Валентин Бобевски, машкиот хор „Гусла“ и актерката Василка Сугарева.

Прославата е дел од Календарот на културни настани на општина Столична.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

фото: БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан