• четврток, 25 април 2024

Со прекугранична соработка отворање нови перспективи за кратовските средношколци преку руралниот туризам 

Со прекугранична соработка отворање нови перспективи за кратовските средношколци преку руралниот туризам 

Кратово, 1 јуни 2023 (МИА) - Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ - Кратово реализира проект во секторот угостителство и туризам „Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности“, со кој ќе се отвораат нови перспективи за младите ученици.

Станува збор за ИПА проект финансиран од Европската Унија во рамки на прекуграничната програма за соработка со Република Србија.

- Партнери на нашето училиште се Средното училиште „Светозар Крстиќ-Тоза“, Вучје, Град Лесковaц и Здружението „Безгранично“ од Белград, со поддршка од Општина Кратово. Првата активност е креирање бренд стратегија за Кратово како туристичка дестинација за рурален туризам насочен кон младите. Процесот ќе трае неколку месеци, а учесници се сите засегнати страни со туризам и угостителство од Кратово. Со целиот процес управуваат проф. д-р Горан Дашиќ и проф. д-р Александар Дејановииќ од Белград. Проектот предвивдува целосно опремување младински хостел со соби за сместување, кујнски и ресторански дел, младински хаб и магацин за опрема за алтернативни форми на туризам: велосипеди, шатори, вреќи за спиење и слично, информира професорот Младен Мицевски од СОУ „Митко Пенџуклуски" - Кратово.

Дополнително, со овој проект ќе се креира петдневен туристички аранжман за млади во Кратово, веб-портал за промоција на туристичките компании и вредности на двете општини, обуки за професорите и учениците, апликација за туристички водич на отворено, меѓусебна размена на ученици.

Фото: СОУ „Митко Пенџуклиски“ 

Остани поврзан