• среда, 24 април 2024

Сочувство од вработените во МИА до семејството на Љупчо Јакимоски, поранешен директор на Агенцијата

Сочувство од вработените во МИА до семејството на Љупчо Јакимоски, поранешен директор на Агенцијата

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Вработените во Медиумската Информативна Агенција (МИА) изразуваат длабоко сочувство до семејството на Љупчо Јакимовски, поранешен директор на МИА, кој почина синоќа во 61-та година од животот по кратко боледување.

Љупчо Јакимовски во 2006 година беше избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, а на оваа функција беше се до 2017 година.  

Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.
Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.
Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017. Претходно тој беше директор и на Македонската радио телевизија.
Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во неговото родно Велестово. ев/лв/

Остани поврзан