• четврток, 12 ноември 2026

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Скопје, 10 октомври 2026 (МИА)  - Сообраќајот на државните патишта  утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. 

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа