• четврток, 25 април 2024

Совет на амбасадори: Охридската средба е значен влог за стабилноста на регионот

Совет на амбасадори: Охридската средба е значен влог за стабилноста на регионот

20 март 2023

Советот на амбасадори, кој најголемиот дел од својата програмска определба ја посветува на иницирањето идеи на добра воља за целосна стабилизација на регионот на Западен Балкан и негова побрза интеграција во евро-атлантските простори, испраќа јасна порака, како и речиси целата меѓународна заедница, дека Охридската средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Косово Албин Курти за спроведување на Анекс договорот на Планот на Европската Унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија е исклучително значаен влог во двете насоки: стабилност и соработка во соседството и регионот и забрзан прогрес на овие земји кон ЕУ.

Оценка на Советот е дека Охридскиот договор за надминување на конфликтните состојби меѓу Србија и Косово, кои ги подигаат тензиите и во целиот регион до ризично ниво, произведува и позитивен импакт врз политичките, па и развојните процеси за Македонија и за нејзините европски перспективи!

Советот оценува дека улогата на респектиран домаќин на еден ваков значаен регионален настан, под високо внимание и изразита подршка на ЕУ и на САД, ја рангира нашата држава меѓу малите земји кои добиваат сé посилна меѓународна афирмација како респектибилни и сериозни партнери на клучните држави и политички субјекти на европски план.

Извршен Одбор на СА

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан