• вторник, 16 април 2024

Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2021

Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2021

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија на денешното продолжение на 71. Седница го разгледа Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.

Пратениците од опозицијата оценија дека разгледувањето на овој извештај е задоцнето и потенцираа дека државава има високо ниво на корупција која според нив претставува пречка за демократски развој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски истакна дека еден од најголемте проблеми е степенот на реализација на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси .

-Ова е најголем показател за тоа каква е борбата на оваа власт со корупцијата, односно дека корупцијата најмногу извира од власта и функционерите на оваа влада затоа што реализацијата на оваа Национална стратегија е помалку од 20 проценти од што требало да ја реализираат надлежните институии меѓу кои најслаби во области се вработување, политички систем, органи на спроведување на законот, здравство, образование, труд и социјална политика, земјоделство, економија и бизнис, рече Аџиоски.

Во однос на прашањата од пратениците од опозицијата за периодот во кој се разгледува Извештајот, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека редоследно прво би требало да се разгледа Стратегијата, па Извештајот, но дека стратегијата се уште не е разгледана на работните тела.

-И затоа стратегијата е на седница 62. свикана на 28. 01. 2021 година и денеска сме 30.3 не е разгледана на работни тела, исто како, што беше претходен случај со ратификацијата на договорот уште од 10 мај 2022 година, Комисијата ја разгледала во трети месец оваа година. Се сложувам со вас дека редоследно, така треба да биде. Што да правиме сега, редоследно на 62 седница, не е разгледана на Комисија, тоа е работата, јавноста да знае, посочи Џафери.

За петтата точка од дневниот ред Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема услови за да се отвори.

-Треба да се определи денот на отворање на расправата и на истиот ден да се заврши интерпелацијата, појасни Џафери.

По кратката пауза Собранието ќе го разгледува предлогот на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, а како што посочи претседателот на Собранието, по паузата ќе биде разгледан и предлогот за изменување на Законот за работни односи, но доколку овластениот предлагач пратеникот Димитар Апасиев биде присутен на седницата по завршувањето на пазуата. свс/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан