• сабота, 23 ноември 2024

Снегот ги обеле планинските врвови во дебарско, а дождот предизвикува помали одрони на патиштата

Снегот ги обеле планинските врвови во дебарско, а дождот предизвикува помали одрони на патиштата

Дебар, 21 ноември 2024 (МИА) – По дождот кој врнеше последните неколку денови во дебарскиот регион, денеска снегот ги обеле планинските врвови, а  патиштата присутна е појавата на  помали, но чести одрони.

Раководителот на дебарската секција, на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, Деар Лиманоски, во изјава за МИА, препорачува внимателно возење на сите патните правци во поширокиот дебарски регион.

-По дождот што врнеше во изминатите неколку дена а и во текот на ноќта, има појава на помали одрони од камен и земја, што е вообичаена појава. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Лиманоски.

Посебна внимателност се препорачува кај селата Рајчица, Долно Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади”, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми” на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста” на патот Мелнички Мост-Центар Жупа,каде најчесто има одрони.
Според Лиманоски, секцијата, е подготвена за претстојната сезона, веќе има набавено 80 тони сол и 100 кубни метри ризла, но  во случај на потреба ќе биде набавена дополнителна количина. вт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан