Службениот грчки МНР ја информирал Сакеларопулу за контактите во Анкара
- За остварените контакти во Анкара, за време на инаугурацијата на претседателот на Турција, меѓу другото службениот министер за надворешни работи на Грција Василис Каскарелис ја информирал грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 7 јуни 2023 (МИА) – За остварените контакти во Анкара, за време на инаугурацијата на претседателот на Турција, меѓу другото службениот министер за надворешни работи на Грција Василис Каскарелис ја информирал грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Сакеларопулу, како што соопштија од нејзиниот кабинет, денеска го прими Каскарелис, кој ја информирал за прашања од негова надлежност и за неодамнешната посета на Анкара.
Службениот шеф на дипломатијата ја претставуваше грчката Влада на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Вчера пак, Каскарелис телефонски разговарал со новиот министер за надворешни работи на Турција Хакан Фидан, му честитал за преземањето на функцијата, а станало збор и за нелегалната миграција. ср/