Сликата од Драгица Чекоровска ,,Корени", во домот на македонско семејство во Вашингтон
- Сликата од кавадарчанката Драгица Чекоровска ,,Корени", што беше дел од изложба во кавадаречката музеј галерија, по продажбата заврши во домот на македонско семејство во Сиетл, Вашингтон, САД. Во изјава за МИА, Чекоровска изрази задоволство што нејзино дело ќе биде своевидна емотивна врска на семејството со родната земја.

Кавадарци, 27 февруари 2025 (МИА) - Сликата од кавадарчанката Драгица Чекоровска ,,Корени", што беше дел од изложба во кавадаречката музеј галерија, по продажбата заврши во домот на македонско семејство во Сиетл, Вашингтон, САД. Во изјава за МИА, Чекоровска изрази задоволство што нејзино дело ќе биде своевидна емотивна врска на семејството со родната земја.
- Интересна е симболиката со името на самата слика, што ја нареков ,,Корени". Корените секогаш влечат, па така иако станува збор за апстрактна уметност, ова дело акрил на платно, осумдесет на шеесет сантиметри, засекогаш ќе го потсетува ова семејство на фамилијарната лоза и корените во татковината, истакна таа.
Чекоровска е дипломиран етнолог, работи како кустос советник во Музеј Неготино, а до неодамна шест години ја извршуваше функцијата директор во музејот. свд/сст/
Фото : Драгица Чекоровска и Музеј на галерија Кавадарци