• недела, 06 септември 2026

Следната рунда преговори меѓу Израел и Либан на почетокот на септември

Следната рунда преговори меѓу Израел и Либан на почетокот на септември

Ерусалим, 11 август 2026 (МИА) – Следната рунда преговори меѓу Израел и Либан, со посредство на САД, ќе се одржи на почетокот на септември, јави Тајмс оф Израел, повикувајќи се на анонимен официјален претставник.

Либан и Израел спроведуваат фазен рамковен договор, потпишан со посредство на САД на 26 јуни, чија цел е прекин на непријателствата и разоружување на милитантното движење Хезболах, поддржано од Иран.

Либанската армија почна да се распоредува во одредени пробни зони на југот на Либан, кои претходно армијата на Израел ги зазеде за време на дејствијата против Хезболах.

Неименуваниот официјален претставник изјавил за Тајмс оф Израел дека минатонеделната рунда преговори во Рим не поминала лесно, бидејќи Бејрут инсистира на дополнително повлекување на израелските сили, додека официјален Ерусалим тврди дека прво мора да заврши процесот на потврда за разоружувањето на Хезболах.

САД вршат притисок врз двете страни да се договорат за листата на земји кои ќе учествуваат во механизмот за верификација, додека Израел го одбива вклучувањето на земји кои се обиделе да дејствуваат против него на меѓународните форуми, вели официјалниот претставник.

Тој додаде дека Израел и Либан паралелно водат преговори за идентификација и враќање на посмртните останки на Либанците и израелските Евреи во замена за либанските притвореници. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа