• понеделник, 11 декември 2023

Симеоне за победата над Реал: Знаевме дека противникот има проблеми по крилните позиции

Симеоне за победата над Реал: Знаевме дека противникот има проблеми по крилните позиции

Мадрид, 25 септември 2023 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше впечатоците од натпреварот со Реал од 6. коло во Шпанското фудбалско првенство.

 

Атлетико победи со 3:1 нанесувајќи му го првиот пораз на градскиот ривал во тековната сезона.

 

- Мило ми е што тимот одигра добар натпревар. При 2:0 пречесто се повлекувавме и му дававме можност на противникот да игра во областите каде што беше најопасен. На Реал Мадрид му недостасуваше Хосел во оваа фаза, но сепак успеаја да намалат. Можевме да загубиме во второто полувреме доколку продолживме да играме на ист начин. Знаевме дека противникот има проблеми по крилните страни. Им укажав на играчите им го кажа истото како и обично, но денеска беа подобри од другите денови. Згора на тоа, публиката беше зад нас и ни дадоа голема поддршка, изјави Симеоне за „Marca“.

 

Атлетико е на петтото место со 10 бода, Реал е трет со 15. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан