• петок, 19 април 2024

Пожар во зграда во центарот на Сиднеј

Пожар во зграда во центарот на Сиднеј

Сиднеј, 25 мај 2023 (МИА) - Во центарот на Сиднеј пожарникарите денеска гаснат пожар кој зафати зграда со повеќе спратови. Итната помош ја опколи областа, а засега нема информации за повредени.

Според објавени снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј.

Покрај зградата гори и автомобил паркиран во близина.

Железничкиот сообраќај во близина на пожарот е во прекин до понатамошно известување, соопштија локалните власти.

Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс изјави дека нема информации за повредени лица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан