• среда, 24 април 2024

Се реконструира улицата „Андон Шурков“ во Велес

Се реконструира улицата „Андон Шурков“ во Велес
Велес,31 март 2023 (МИА) - Општина Велес денеска започна со  реконструкција на дел од улицата „Андон Шурков“на потегот  од бензиската пумпа Црна Река до бензиска пумпа на  Макпетрол“, а води и пред ССОУ „Коле Неделковски“. Во текот на изведувањето на градежните работи сообраќајот денеска и во наредните деновите, се  до завршување на работите се одвива по одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација. Воедно сообраќајот го регулираат и вработени од фирмата изведувач.

Од Општина Велес ги  замолуваат граѓаните да покажат разбирање и да имаат трпение за време на изведување на градежните зафати. а се’ со цел непречено и побрзо завршување на реконструкцијата на улицата.

Тие појаснуваат дека реконструкцијата на улицата „Андон Шурков“ во Новиот дел на Велес  е дел од проектот за поврзување на локалните патишта помеѓу Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој.ад/

Фото: МИА

Остани поврзан