• четврток, 23 ноември 2023

Се молерисуваат училниците во ООУ „Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода

Се молерисуваат училниците во ООУ „Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода

Скопје, 30 септември 2023 ( МИА) -  Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети ООУ „Невена Георгиева Дуња”, кој викендов започна со градежни зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници.

-Нашите деца, иднината на Република Македонија заслужуваат подобри услови! Овој викенд, од ООУ ,,Невена Георгиева - Дуња” започнаа градежните зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници. Сето тоа со цел да обезбедиме поквалитетно и непречено изведување на образовно-воспитниот процес, што е и наша приоритетна цел. Кисела Вода, како една од најстарите општини во Македонија мора да се грижи за обезбедување квалитетни образовни услови во своите училишта. Беспоштедно работиме и ќе работиме во сите образовни објекти, бидејќи влогот во најмладите е влог во нашата иднина, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Тој потенцираше дека грижата за нашите најмлади е врвен приоритет во делувањето на општината, и унапредувањето на условите во сите училишта во овој дел од градот е инвестиција во нивниот напредок, како и  напредокот на државата. љм/мч/

Фото: Општина Кисела Вода

 
 
 
 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан