• четврток, 25 април 2024

Семејствата на бранителите од 2001 се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата во Ѓорче Петров

Семејствата на бранителите од 2001 се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата во Ѓорче Петров

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта.

-Советниците воедно изгласаа и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“ и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, или одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции, соопшти Општина Ѓорче Петров. 

На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“ кој, како што наведува Општината, треба да донесе првпат пречистителна станица во село Орман. 

-Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зелено светло“, информира Општината. хс/цр 

Фото: Општина Ѓорче Петров 

Остани поврзан