• среда, 06 декември 2023

Седумдесет години Средно образование во Берово

Седумдесет години Средно образование во Берово

Берово, 29 септември 2023 (МИА) - Со свечена академија која се одржа во Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ денес се одбележаа 70 години од почетокот на средното образование во Берово. По тој повод пред бистата на херојот и патрон на гимназијата „Ацо Русковски“, во училишниот двор цвеќе положија делегации од Општините Берово и Пехчево, делегација од училиштето, предводена од директорката Душанка Паговска.

Во рамките на културно уметничката програма подготвена по тој повод присутните имаа можност да погледнат краток документарен филм за 70 годиншното постоење на училиштето.

 -Ацо Русковски ќе остане патоказ, на младите генерации, да им служи за пример, за тоа како човекот несебично ја поврзува својата личност, со многубројните битки за грѓаните на нашата земја и за изградба на модерно општество. Горди сме, што сме негови потомци и што можеме да оживееме еден дел од неговиот животен пат, беше истакнато во пригодниот говор во рамки на денешниот настан.

По повод паттониот празник, училиштето организираше ликовен, литературен и конкурс за најдобро изработен дизајн од техничко кожарската струка, најдобро аранжирано и највкусно јадење од угостителско-туристичката стурка и најдобро изработен експонат од шумарско дрво-преработувачката струка,  на кои беа доделени награди за најдобрите ученици:

-Прва награда на литературниот и ликовниот конкурс освоија ученичките Јована Цикарска и Мартина Терзиска. Прва награда за најдобро изработен дизајн, од техничко –кожарската струка, освои ученичката Нона Белева, наградата за најдобро аранжирано јадење, од угостителско-туристичката струка, и припадна на ученичката Енида Алиевска, додека за највкусно јадење награда доби ученичката Евгенија Пармачка. Награда следуваше и за најдобро изработен експонат, од шумарско дрво-преработувачката струка за ученикот Петар Пеловски, информираа од ОСУ ,,Ацо Русковски".

Директорката Душанка Паговска осврнувајки се со свој говор за ликот и делото на патронот, додели благодарници за успешна соработка, на повеќе поединци и фирми меѓу кои и на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски како и Советот на Општина Берово.

Свое обраќање, пред присутните имаа и најстариот пензиониран професор, Методи Распашковски и Ректорот на Штипскиот универзитет, Дејан Мираковски,  професорот на Економскиот факултет, Борче Треновски и Тања Аждерска, која живее и работи во Словенија, како успешни ученици кои произлегуваат од беровската гимназија.

Културно уметничката програма по повод 70 години од Средното образование во Берово беше заокружена со настап на КУД „Димитар Беровски“ при Дом на културата Берово. вс/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан