• петок, 29 март 2024

СДСМ: Ја баталија Универзална, за ВМРО-ДПМНЕ политиката е пред скопјани, пред граѓаните

СДСМ: Ја баталија Универзална, за ВМРО-ДПМНЕ политиката е пред скопјани, пред граѓаните

Скопје, 30 март 2023

ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш потврди дека и на државно и на локално ниво е деструктивна партија.

 Со одбивањето на предлогот на советничката група на СДСМ реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Владата, од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека дневната политика им е пред Скопје, пред граѓаните, пред културата.

 Една и пол година Универзална сала стои нереконструирана иако пари за овој проект има, но поради лични хирови на Данела Арсовска и инаетот на ВМРО-ДПМНЕ овој објект симбол на Скопје скапува и од ден на ден е во се полоша состојба.

Срамно, скандалозно и недозволиво е однесувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и кон овој објект, но и кон Град Скопје и кон граѓаните. 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан