• недела, 21 април 2024

СДСМ: Земјава напредува економски и политички, фактор на стабилност на Балканот

СДСМ: Земјава напредува економски и политички, фактор на стабилност на Балканот
Скопје, 19 март 2023
 
Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија напредува и економски и политички.
 
Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот.
 
Нашата држава ги има уредено внатрешните односи на највисоко можно ниво и ги има решено отворените прашања со соседите
 
Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
 
Голема чест и признание за нас, е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, како значајно постигнување за мирот, помирувањето и економскиот развој како клучни предуслови за забрзан прогрес за целиот Западен Балкан кон ЕУ, се случи токму во Охрид.
 
Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжи по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави.
 
Центар за комуникации на СДСМ
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан