• вторник, 24 септември 2024

СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

Скопје, 24 септември 2024

Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат.

Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари.

Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните.

Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните.

Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи.

Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

Остани поврзан