• среда, 29 ноември 2023

СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, намалени цени и повеќе пари во семејниот буџет со поврат на ДДВ

СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, намалени цени и повеќе пари во семејниот буџет со поврат на ДДВ

24 септември 2023 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми


Новата мерка на Владата предводена од СДСМ за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.


Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи во маркетите, помали цени имаат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други.


Со „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август се намалуваат цените на над 500 производи во 25 категории.


За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената се намалува и до 40%.


Во наредниот период следува намалување и на цените ја пијалаците.


СДСМ го штити животниот стандард на граѓаните, ги зголемува платите и пензиите и парите ги враќа назад кон граѓаните.


Со мерката за поврат на ДДВ, за четири години СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.


Оваа мерка позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ.


Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник.


За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник. Ако во едно семејство има двајца корисници тоа се околу 17.000 денари годишно дополнителен приход во семејниот буџет.


СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои значат унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Прес-конференција на Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан