• четврток, 18 април 2024

Светска банка: Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија

Светска банка: Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија

 
Вашингтон, 21 март 2023 (МИА) - Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година, а средствата за опоравување и обнова се проценуваат на повеќе од 7,9 милијарди долари во текот на три години.

Во извештајот на Светската банка за земјотресите што ги погодија северна и западна Сирија на 6 и 20 февруари, се проценува дека тие предизвикале штета од 3,7 милијарди долари и уште 1,5 милијарди долари економски загуби.

Светската банка претходно предвиде пад од 3,2 отсто на економското производство на Сирија оваа година поради континуираните завојувани конфликти, високите цени и недостигот на жито и енергија, како и вода, кои го ограничуваат одгледувањето култури. зш/

Остани поврзан