• недела, 02 април 2023

Свежо утро, а денот сончев со мала облачност

Свежо утро, а денот сончев со мала облачност

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде свежо во утринските часови, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Миа мрежа