• среда, 06 декември 2023

Санкционирани 180 возачи за брзо возење низ државата

Санкционирани 180 возачи за брзо возење низ државата

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Санкционирани се 180 возачи низ државата поради возење со брзина поголема од дозволената, при акција спроведена во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан