Самостојна изложба на Моника Десоска, „Патување низ непознатото“ во Уметничката Галерија Куманово
- Во уметничката галерија во Куманово, вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на академската уметница Моника Десоска, информираа денеска од Националната установа Музеј Куманово. Изложбата на уметницата е насловена „Патување низ непознатото“.

Куманово, 27 септември 2023 (МИА) - Во уметничката галерија во Куманово, вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на академската уметница Моника Десоска, информираа денеска од Националната установа Музеј Куманово. Изложбата на уметницата е насловена „Патување низ непознатото“.
- Ова е нејзина 15-та изложба. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да разгледаат 40-тина дела работени во комбинирани техники на лесонит. Изложбата е вопрограмска. Отварањето е закажано за 20.30 часот, изјави Драгана Спасковска, виш кустос од Уметничката Галерија.
Десоска е родена во Прилеп, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности. Покрај самостојни изложби во државата и странство учествувала и на групни изложби.
Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври, годинава. ам/дма/
Фото: Уметничка Галерија Куманово