• сабота, 13 април 2024

Салихамиџиќ ги критикува фудбалерите: Ова не е Баерн

Салихамиџиќ ги критикува фудбалерите: Ова не е Баерн

Минхен, 20 март 2023 (МИА) – Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, ги критикуваше денеска фудбалерите на минхенскиот клуб, ден по поразот од Баер Леверкузен во рамки на 25 коло во Бундеслигата.

Баерн по вчерашниот пораз во Леверкузен ѝ препушти лидерското место на Борусија Дортмунд зад која сега заостанува еден бод.

„Ова не е Баерн. Вакво нешто ретко се гледа. Промашивме сè што можевме да промашиме. Ни недостасуваше буквално сè уште во играта. Дозволивме да не натрча екипа која имаше натпревар во четвртокот и да не победи“, изјави Салихамиџиќ.

Тој во изјава за германските медиуми призна дека тимот од Леверкузен бил подобар во сите сегменти од играта. ег /сд/

Остани поврзан