• петок, 19 април 2024

САД, Јапонија и Јужна Кореја најавија размена на информации за севернокорејски ракети

САД, Јапонија и Јужна Кореја најавија размена на информации за севернокорејски ракети

 
Сингапур, 3 јуни 2023 (МИА) -   САД, Јапонија и Јужна Кореја денеска објавија дека ќе почнат до крајот на годината да споделуваат информации за лансирани севернокорејски ракети. Тоа се нагласува во изјава објавена по состанокот во Сингапур на министрите за одбрана на трите земји.

Вашингтон, Токио и Сеул планираат да активираат „механизам за споделување податоци во реално време“ за „да ја подобрат нивната способност за откривање и проценка на лансирање ракети“ од Северна Кореја, се вели во соопштението.

САД, Јапонија и Јужна Кореја го објавија ова откако Северна Кореја се обиде да лансира воено разузнавачки сателит оваа недела, но сателитот „падна во море“. зш/

Остани поврзан