• четврток, 15 октомври 2026

САД го имаа најтоплото лето во својата историја

САД го имаа најтоплото лето во својата историја

Вашингтон, 10 септември 2026 (МИА) – Соединетите Американски Држави годинава го имаа најтоплото лето во својата историја со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, соопшти денеска Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Просечната температура меѓу јуни и август беше за три и пол степени повисока од летните просеци во текот на 20 век, пренесе Си-би-ес њуз (CBS News).

Рекордни горештини ги зафатија западот на САД, јужните планини, југозападните рамнини и Флорида, каде што се случија катастрофални пожари и опаднаа резервите на вода.

Калифорнија, Невада, Ново Мексико и Колорадо оваа година ги забележаа своите најтопли августовски температури во историјата, а дури и ноќната минимална температура беше највисока некогаш регистрирана.

Иако делови од земјата беа соочени со бури кои носеа обилни дождови, врнежите ширум САД ова лето и понатаму беа пониски од просекот, пишува во извештајот на НОАА.

Сушата зафати речиси 60 проценти од територијата на САД на почетокот на септември. јт/