• понеделник, 13 јули 2026

Савески и Ивановски на средба за продлабочување на соработката во борбата против финансискиот криминал

Савески и Ивановски на средба за продлабочување на соработката во борбата против финансискиот криминал

Скопје, 9 јуни 2026 (МИА) - Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата беше во фокусот на средбата на јавниот обвинител Ненад Савески со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски.

Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции.

Притоа биле разгледани можностите за поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал, со посебен фокус на унапредување на спроведувањето на финансиските истраги. ар/вј/

Фото: ЈОРСМ