• среда, 14 октомври 2026

РФМ додели спортска опрема на клубовите од Првата лига

РФМ додели спортска опрема на клубовите од Првата лига

Скопје, 9 септември 2026 (МИА) - Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, на 14 клуба од Првата машка лига и седум клуба од Првата женска лига им беше доделена спортска опрема за претстојните сезони. 

-Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клупскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување, соопшти РФМ.

Претседателот на федерацијата, Александар Стефанов, на претставниците на клубовите им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки. зс/

Фото: РФМ