• сабота, 31 август 2024

Руски власти: Најмалку пет загинати и 46 повредени во украински напад врз Белгород

Руски власти: Најмалку пет загинати и 46 повредени во украински напад врз Белгород

Белгород, 31 август 2024 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа, а 46 се повредени во синоќешните украински напади врз југозападниот руски град Белгород, изјави гувернерот на истоимениот регион Вјачеслав Гладков, пренесува БТА.

Гувернерот додаде дека 37 лица, меѓу кои седум деца, се пренесени во болница.

На видеото објавено на социјалните мрежи, снимено од автомобил за време на нападот, се гледа како друг автомобил експлодира додека вози по пат. Неколку секунди подоцна, втора експлозија се гледа преку патот.

Властите во Белгород информираа е дека во нападот се оштетени неколку објекти и возила.са/

Фото: принтскрин

 

 

Остани поврзан