• вторник, 13 октомври 2026

Русија соопшти дека погодила товарен брод и украински пристанишни објекти во Црното Море

Русија соопшти дека погодила товарен брод и украински пристанишни објекти во Црното Море

Москва, 12 август 2026 (МИА) – Руските вооружени сили денеска погодиле товарен брод што превезувал воена опрема во украинското пристаниште Одеса, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти и дека руската армија извршила напади врз складишта за гориво и пристанишна инфраструктура во другото украинско пристаниште Черноморск, како и врз украински патролен чамец во пристаништето Очаков.

Овие информации засега не се независно потврдени.

Во меѓувреме, бројот на бродови што влегле во пристаништето Одеса минатиот месец е намален за речиси половина во споредба со истиот период минатата година, изјави украинскиот заменик-министер за инфраструктура Андриј Кашуба.

Според податоците на украинската пристанишна администрација, во јули во пристаништето Одеса влегле само 159 бродови, во споредба со 400 бродови минатата година, во услови на постојани засилени руски напади врз пристанишната инфраструктура.

„Некои сопственици и оператори на бродови чекаат безбедносната ситуација да се подобри“, истакна Кашуба во писмена изјава. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа