Русија соопшти дека ноќеска соборила 604 украински дрона
- Руската противвоздушна одбрана минатата ноќ соборила 604 украински дрона, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Москва, 13 октомври 2026 (МИА) – Руската противвоздушна одбрана минатата ноќ соборила 604 украински дрона, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Во текот на изминатата ноќ – од 20:00 часот по московско време на 12 октомври до 8:00 часот на 13 октомври, дежурните сили на ПВО пресретнаа и уништија 604 украински беспилотни летачки апарати од авионски тип“, објави министерството.
Дроновите биле соборени над територијата на Брјанската, Белгородската, Орловската, Калушката, Тулската, Курската, Воронешката, Тверската, Липецката, Рјазањската, Ростовската и Смоленската Област, над регионот на главниот град Москва, над Ставрополскиот и Краснодарскиот Крај, како и над акваторијата на Азовското Море, прецизира Министерството за одбрана во Москва. јт/
Фото: Министерство за одбрана на Русија