• недела, 10 декември 2023

Русија и Белорусија почнаа петдневни заеднички воени вежби

Русија и Белорусија почнаа петдневни заеднички воени вежби

Минск, 22 септември 2023 (МИА) - Москва и Минск денеска почнаа петдневни заеднички воени вежби на територијата на Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

„Воената вежба, која почна денеска во Белорусија, не претставува закана за соседните земји“, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, првиот заменик - министер за одбрана Виктор Гулевич.

Тој појасни дека руските и белоруските сили вежбаат „операции за одбрана на двете земји и подобрување на нивото на обученост на трупите“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан