• петок, 27 септември 2024

Русија го потврди притворот на Американецот Татер под обвинение за напад врз полицаец

Русија го потврди притворот на Американецот Татер под обвинение за напад врз полицаец

Москва, 26 септември 2024 (МИА) – Рускиот суд денеска ја отфрли жалбата на американскиот државјанин Џозеф Татер против неговото апсење под обвинение за напад врз полицаец.

Татер првично беше уапсен во август и одлежа 15 дена затвор поради малтретирање на персоналот во хотел во Москва. Тој ги негира обвинувањата.

Потоа Татер нападна полицаец, што довело до иницирање нов случај против него. Тој може да биде осуден и до пет години затвор.

Татер е еден од најмалку десетината Американци кои моментално се во руски затвори. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан