• петок, 19 април 2024

Романот „Временски азил“ од Георги Господинов е номиниран за „Букер“

Романот „Временски азил“ од Георги Господинов е номиниран за „Букер“

 Софија, 14 март 2023 (МИА/БТА) - Романот „Временски азил“ влезе во долгата листа на номинации за меѓународната Букер награда. Авторот Георги Господинов е првиот бугарски писател кој е номиниран за наградата,соопшти издавачката куќа „Жанет 45“.

Книгата ја преведе Анџела Родел, која исто така стана дел од номинацијата Букер Интернешнл.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Во долгата листа беа избрани 13 од 134 книги кои беа соодветни за наградата, напиша Гардијан. Скратениот список на номинации ќе биде објавен на 18 април на Саемот на книга во Лондон. Во него ќе бидат избрани шест од овие 13 книги. Победникот ќе биде објавен на 23 мај на специјална вечера во Лондон.

Покрај Георги Господинов, на долгата листа за меѓународниот „Букер“ се и Андреј Курков („Џими Хендрикс во живо во Лавов“), Перумал Муруган („Pyre“), Ева Балтасар („Boulder“) , Чеон Мјунг-гуан („Whale“), Патрик Арманд-Гбака Бреде-Газ („Standing Heavy“), Вигдис Јурт („Is Mother Dead“), Лоран Мовиние („The Birthday Party“), Клеменс Мајер („While We Were Dreaming “), Гвадалупе Нетел („Still Born “), Аманда Свенсон („A System So Magnificent It Is Blinding“) и Џингжу Зоу („Ninth Building“).

Претседател на жирито на овогодинешното издание на наградата е добитничката на Гонкур Лејла Слимани. „Награденото дело мора да биде дело што зборува не само за нашето време, туку и дело кое ќе го издржи тестот на времето и ќе стане дел од пантеонот на големата литература“, пишуваат организаторите на наградата, цитирани од бугарската издавачка куќа.

Букер наградаta се доделува од 1969 година, а меѓу нејзините добитници се Салман Ружди, Маргарет Атвуд, Казуо Ишигуро, Џулијан Барнс и други. Во 2005 година почна да се доделува интернационалниот „Букер“, за книги во превод. Прв добитник е Исмаил Кадаре. Наградата е вредна 50.000 фунти и се дели помеѓу авторот и преведувачот на победничката книга.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Остани поврзан