• вторник, 19 мај 2026

Реванш полуфинални натпревари во Купот на Македонија

Реванш полуфинални натпревари во Купот на Македонија

 

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) – Финалистите во фудбалскиот Куп на Македонија ќе бидат познати денеска по одигрување на реванш натпреварите на двете полуфинални пресметки.

Фудбалерите на тетовска Шкендија со гол предност му гостуваат на второлигашот Шкендија Арачиново, откако на првиот натпревар со пресврт триумфираа со 3-2.

Вториот второлигаш кој се пласираше во полуфиналето, Охрид, му гостува на Силекс во Кратово, откако првиот натпревар заврши нерешено 1-1.

Двата натпревари ќе стартуваат во 16 часот.

Финалето на Купот ќе се игра на 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан