• четврток, 29 август 2024

Реал ја објави разделбата со Јабуселе

Реал ја објави разделбата со Јабуселе

Мадрид, 29 август 2024 (МИА) - Гершон Јабуселе и официјално го напушти Реал Мадрид.

Дваесет и осумгодишниот кошаркар ќе се пресели во НБА и ќе игра за Филаделфија во сезоната 2024/25.

Јабуселе помина три сезони во Реал Мадрид и помогна тимот да освои седум шампионски титули: Евролига (1), Шпанско првенство (2), Копа дел Реј (1) и шпански Суперкуп (3).

Трансферот на кошаркарот доаѓа по одличните настапи на олимпискиот кошаркарски турнир, каде што му помогна на францускиот тим да освои сребро. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан