• среда, 24 април 2024

Реакција од Министерство за транспорт на објави за мериторно решавање предмет за одобрение за градење во Охрид

Реакција од Министерство за транспорт на објави за мериторно решавање предмет за одобрение за градење во Охрид

6 март 2023 

Во однос на информациите објавени во одредени медиуми за мериторно решавање предмет за огласување на ништовно на Одобрение за градење на инвеститор во општина Охрид, Ве информираме дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството за транспорт и врски постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го поништи решението на Министерство за транспорт и врски и на општина Охрид за огласување за ништовно на одобрението за градење.

Бидејќи е очигледна интенцијата со која некој свесно се обидува да шпекулира со информации без конкретно да се објасни зошто општина Охрид прво донела одобрение за градење, а потоа носи решенија за огласување на истото одобрение кое сама го донела за ништовно, со што во неколку наврати по добиени насоки од второстепениот орган не постапува по забелешките на Министерството за транспорт и носи идентични решенија, би сакале да потенцираме за следново:

Постапувајќи по пресудата на Управниот суд, а имајќи го во предвид член 60 став 5 од Законот за управни спорови, Министерство го врати предметот на пред општината со цел да постапи по напатствијата на Судот, при што Градоначалникот во повеќе наврати истото го огласил за ништовно но решенијата наместо да ги темели на напатствијата од повисокиот орган, постојано ги носи со идентична содржина што ги прави истите неправилни и незаконити.

Од страна на инвеститорот, до Државниот управен инспекторат е доставена пријава против Министерството за транспорт и врски со кое решение го задолжи Министерството да одлучи мериторно во управната постапка имајќи во предвид дека во повеќе наврати го враќал предметот на повторна постапка пред првостепениот орган, во овој случај општина Охрид, а истата не постапувала по забелешките.

Оттука ги отфрламе сите обиди на одредени медиуми да шпекулираат со непроверени информации и сите прашања за споментите решенија за непостапување да ги упатат во општина Охрид.

Ја повикуваме Општина Охрид доколку стои на ставот за огласување на ништовно на одобрението за градење да постапи по насоките на Управен Суд каде е директно повикана како институција да го поткрепи решението со конкретни и цврсти аргументи и докази согласно законските одредби со што ваквото решение за огласување на ништовно на одобрението за градење ќе биде потврдено од повисоките инстанци.

Министерство за транспорт и врски 

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан