Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 21 јуни 2025
Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор.
СДС да не заборава дека судиите и обвинителите се истите тие кои они ги донесоа од тефтерите на бироата во Зајас и Муртино.
Заврши времето на „овој ми е брат“ или „од партија е не го чепкај“, сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку има докази за истото.
Повторно СДС растура пердуви и секој ден пресовите им се на база на тоа, кој ќе напише полош текст – истиот да се објави.
Го повикуваме обвинителството да го провери случајот, а доколку испадне дека нема вистина во истото, СДС јавно да се извини.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива