• вторник, 16 април 2024

Реакција на СПМ на интервјуто на Маричиќ

Реакција на СПМ на интервјуто на Маричиќ

Скопје, 21 март 2023 

Социјалистичка партија на Македонија проследувајќи го интервјуто на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, генерално го цени за несодржајно.

Тој уште еднаш се обиде да ја промовира тезата на наводно „заедништво“ и „транспарентност“ на СДС, истакнувајќи дека Владата е подготвена опозицијата да ги формулира уставните амандмани, како што таа мисли, во согласност со преговарачката рамка, за да се стекне доверба во процесот дека нема ништо тајно.

Но тој намерно заборава дека Владата тајно се договори, а потоа спротивно на волјата на мнозинството граѓани ја изгласа преговарачката рамка!

Намерно се заборава дека опозицијата е против уставни измени!

Се заборава и јавно искажаниот став за противење и штетноста на таканаречениот „француски предлог“!

Данајските дарови со кои се расфрла Маричиќ, нека си ги задржи за себе. Глумењето на конструктивност е веќе видено и крајно неприфатливо.

Социјалистичка партија на Македонија јавно и недвосмислено уште еднаш потенцира дека нема да прифати никакви уставни измени на база на штетни договори!

Ковачевски и Маричиќ самите нека си подготват уставни измени и доколку сметаат дека имаат 2/3 мнозинство, нека ги поднесат во Собранието!

Во меѓувреме, го повикуваме Маричиќ и СДС да не размислуват за уставни измени, туку да размислуваат за предвремени избори!

Информативна служба на СПМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан