• четврток, 28 март 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на министерката Петровска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на министерката Петровска

Скопје, 31 март 2023

Почитувани,

Славјанка Петровска треба да престане да глуми жртва и да даде одговори дали крие луксузна хациенда со базен во Радишани.

Доста глуми, плаче и крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство.

За дијагнозата дека има опседнатост, инхибиција и третман со седативи, не ја измислува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го содржи извештајот на Петровска со кој таа се прави жртва во тужбата против Драган Ковачки. Суштината е дали навистина има Петровска ваква дијагноза, зошто ако таа е вистинита тогаш непресметлива личност го води Министерството за одбрана и треба да си замине, или пак свесно лаже, а извештајот е измислен за да Ковачки биде осуден.

Јавноста е уморна од глумењето на жртва на Славјанка, додека во реалноста станува за министер кој крие имот. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан