Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Богданка Кузеска
- Единствен кој се распаѓа е СДС, двајца пратеници не им гласаа за уставни измени, и ДУИ кои им се отцепи фракција.

Скопје, 21 септември 2023
Единствен кој се распаѓа е СДС, двајца пратеници не им гласаа за уставни измени, и ДУИ кои им се отцепи фракција.
СДС тонат секој ден. Нема анкета на која СДС не губи со разлика од 3:1.
ДУИ се пред распаѓање, сите видоа дека се криминално здружение, каде тендерите се пред се.
И во СДС и во ДУИ сите знаат дека крајот им се ближи, па бегаат и го напуштаат бродот кој тоне.
Власта знае дека уставни измени нема да има, па дури и нивни пратеници нема да ги поддржат, затоа креираат вештачки раскол во ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се стопи како мајски снег.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.