• сабота, 09 декември 2023

Реакција на Алијанса за Албанците за средбата Мицковски-Јанкуловска

Реакција на Алијанса за Албанците за средбата Мицковски-Јанкуловска

Скопје, 22 септември 2023

Денес, повеќе од кога било, се гледа вистинското лице на Мицковски и неговите политички партнери. Средбата и објавувањето на фотографијата со Гордана Јанкуловска го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва. Алијанса за Албанците најостро го осудува обидот на Христјан Мицковски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни.

Фактот што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци. 

Јавно ги прашуваме Мицкоски и опозицијата, дали оваа слика значи дека планирате враќање во политиката на сите криминалци осудени со правосилни пресуди за криминал и злоупотреба на власта во минатото? Дали ова е причината за спротивставување и блокирање на европската иднина на земјата, која ќе донесе и правда и праведна борба против криминалот и корупцијата?

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан