Работилница во Кавадарци: Поддршка за зелена иднина на македонскиот туризам
- СООПШТЕНИЕ: Во Општина Кавадарци се одржа целодневна работилница на тема „Кон одржлив туризам во Северна Македонија.

Кавадарци, 16 мај 2025
Во просториите на Општина Кавадарци се одржа целодневна работилница на тема „Кон одржлив туризам во Северна Македонија“, организирана со цел
подигнување на капацитетите и свеста за одржливи туристички практики во Вардарскиот регион. Присутните гости од општините и приватниот сектор имаа можност на практичен начин да се информираат и научат повеќе за тоа како да се изградат капацитети и да се зголеми свеста за одржлив туризам, со цел да се подобри нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики.
Програмата на работилницата го опфати концептот на одржлив туризам и неговото значење во контекст на економските и климатските предизвици. Беа споделени примери од добри практики како процесот за зелена сертификација на Крушево, успешни практики од Преспа, а потоа следуваше интерактивна групна работа каде учесниците дискутираа конкретни аспекти за развој на одржлив туризам во земјава. Кон крајот, следуваа презентации и отворена дискусија за идеи и решенија.
Настанот го водеше експертот за туризам Марлон Ван Хее, кој понуди практични насоки за градење на одржлив синџир на туристичка понуда во земјава. Работилницата претставува значаен чекор кон воспоставување на национална рамка за одржлив туризам и поттикнување на локалнитечинители да применуваат зелени и одговорни практики.
Работилницата се организираше во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Националното здружение за дојдовен туризам - NAITM, со поддршка на Швајцарската Влада преку програмите ИМЕ и СИППО, а со вклученост на
проектот EU for Municipalities - EU4M и општината Кавадарци, како домаќин на обуката.
Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)
________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.