• петок, 29 март 2024

Работилница во Гостивар: „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“

Работилница во Гостивар: „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“

Гостивар, 9 мај 2023 (МИА) – Претставнички од повеќе невладини организации, институции, универзитетски професорки од полошкиот регион и претставници на ОБСЕ учествуваа на работилница за унапредување на соработка со полицијата и зајакнување на улогата на жената во борбата против криминалот.

Темата „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, беше во фокусот на работилницата од два дела, што заеднички ја организираа Мисијата на ОБСЕ во Скопје и СВР Тетово-Отсек за превенција.

-На работилницата на која присуствуваа претставнички од повеќе невладини и други организации и институции од подрачјето, универзитетски професорки и претставници на ОБСЕ беше разговарано за соработка на полицијата со заедницата и значење и улогата на жената во раното препознавање на криминалот, наведуваат од СВР Тетово.

Во вториот дел, учесничките на работилницата поделени во неколку работни групи, интерактивно дебатираа и презентираа – што го загрозува чувството на безбедност, како се загрозува безбедноста во семејството, која е улогата на жените во полициската соработка со локалната заедница и друго. згм/ир

фото СВР Тетово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан