• вторник, 23 април 2024

Пчеларското здружение „Матица“ од Дебар одбележа 30-годишен јубилеј

Пчеларското здружение „Матица“ од Дебар одбележа  30-годишен јубилеј

Дебар, 19 март 2023 (МИА) – Пчеларското здружение „Матица“ од Дебар, кое е прва асоцијација во поширокиот регион од оваа гранка на земјоделието, на свечен начин одбележа 30 години од формирањето.

За тридеценискиот период на работа, активност и постигнувања, пред присутните зборуваше претседателот на здружението Русе Миновски, еден од напознатите пчелари, кој во истото е од неговото формирање.

-Од формирањето до денес имаме 116 регистрани членови, а во последните години бројот на членовите во просек се движи до 15, кои го произведувале и го произведуваат најквалитетниот мед, баран во регионот. Тоа се потврдува на саемите на кои сме учествувале, како во земјава така и во Турција, Србија, Албанија, Бугарија, Грција. Можам да се пофалам и со добрата соработка воспоставена со здруженија во нашата земја, како и истородни асоцијации во Подградец, Корча и Пешкопеја, соседна Албанија, рече меѓу другото Миновски.

Додаде дека во рамки на соработката во посета на друштвото биле пчелари од Малта и од Бугарија. На свеченоста на поединци и институции беа доделени осум плакети, повеќе признанија и благодарници.

Плакета беше доделена и на Бигорскиот манастир во знак на благодарност за посебен придонес во работата, развојот и унапредувањето на пчеларството, како и на метохот на Бигорскиот манастир „Св. Георгиј Победоносец“, во селото Рајчица кому му беше врачена благодарница. Бигорскиот и раичкиот манастир се познати по производство на високо квалитетен мед. вт/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан