• понеделник, 12 октомври 2026

Путин ги започна разговорите со американските пратеници Виткоф и Кушнер

Путин ги започна разговорите со американските пратеници Виткоф и Кушнер

Москва, 5 септември 2026 (МИА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во Кремљ ги започна разговорите со американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Путин на почетокот на средбата изјави дека ситуацијата со која тој и американските пратеници треба да се справат „не е едноставна“.

– Ситуацијата, се разбира, не е едноставна, им рече Путин на американските претставници.

Виткоф и Кушнер денеска пристигнаа во Москва на разговори за војната во Украина.

Русија и Украина се согласија во наредните три дена да ги прекинат нападите врз Москва и Киев.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Вашингтон има нов и конкретен предлог за окончување на војната во Украина што трае повеќе од четири години, без притоа да соопшти детали од предлогот.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Виткоф и Кушнер по посетата на Москва ќе отпатуваат во Украина. Во објава на платформата „Икс“ денеска тој наведе дека Русија, во пресрет на нивното пристигнување во Киев, нападнала два украински аеродрома.

И покрај новите дипломатски контакти, меѓу Москва и Киев и натаму постојат големи разлики околу условите за завршување на војната.

Кремљ вчера соопшти дека барањето на Путин, според кое Украина треба да ѝ го отстапи на Русија целиот територијален простор на четирите украински региони што Москва ги смета за свои и да се откаже од членството во НАТО, и натаму останува „непоколебливо“. аб/зш

фото/МИА архива