• вторник, 13 октомври 2026

ПСЖ ја победи Астон Вила во Суперкупот на УЕФА

ПСЖ ја победи Астон Вила во Суперкупот на УЕФА

Салцбург, 12 август 2026 (МИА) - ПСЖ ја победи Астон Вила со 2:1 во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот се одигра вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург.

Хвича Кварацхелија им донесе водство на парижаните во 20. минута. Брајан Маџо постигна гол за тимот од Бирмингем кон крајот на првото полувреме. Седумнаесетгодишниот напаѓач стана најмладиот стрелец во историјата на Суперкупот на УЕФА. 

Во 61. минута Дезир Дуаи го постигна победничкиот гол за Пари Сен-Жермен вреден трофеј.

ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА втора година по ред. зс/

Фото: ЕПА