• понеделник, 15 април 2024

ПСЖ нуди 180 милиони евра за Грузиецот Кварачхелија

ПСЖ нуди 180 милиони евра за Грузиецот Кварачхелија

Париз, 19 март 2023 (МИА) – Раководството на ПСЖ е подготвено да му понуди на италијанскиот прволигаш Наполи дури 180 милиони евра за услугите на грузискиот репрезентативец Квича Кваралчхелија, објави денеска весникот „Кориере дело Спорт“.

Кварачхелија (22) лани дојде во Наполи од грузискиот прволигаш Динамо Батуми за 11.5 милиони евра и во својата прва сезона во Серија А досега одигра 29 натпревари и постигна 13 голови за тимот од Неапол.

Италијанскиот весник наведува дека ПСЖ е подготвен за Кварачхелија да ја плати истата сума за која го доведе во своите редови Килијан Мбапе од Монако, што е втор најскап трансфер на сите времиња.

На првото место и натаму е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за што францускиот клуб плати 222 милиони евра. ег/паг/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан