• сабота, 21 септември 2024

Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице

Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага. 

Како што информира МВР, лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан